Романот „Раскажувањето на Џон Смит“, кој е напишан меѓу 1883 и 1884 година, е сеќавања на човек, кој поради напад на болки во коските е принуден да лежи во својот кревет.
Конан Дојл, како млад автор, му го испратил романот на издавачот, но ракописот се загубил во пошта. Подоцна книгата била реконструирана по сеќавање, но никогаш потоа не била испратена за објавување.
– Мојот шок поради нејзиното исчезнување би бил многу помал во споредба со ужасот ако одненадеж се појави испечатена – се пошегувал авторот.
Британската библиотека го објави романот заедно со аудио верзија која ја чита актерот Роберт Линдзи. Четирите тетратки од ракописот се дел од изложбата, која траеше во библиотеката до крајот на јануари годинава.
– Оваа публикација и изложбата покажаа дека сè уште постојат нови работи кои може да се откријат за оваа икона во книжевноста – смета Рејчел Фос, еден од уредниците на романот.
Романот е дел од колекцијата „Библиотека“ и се објавува во договор со Фондот „Сер Артут Конан Дојл“.
Бритнаскиот писател Артур Конан Дојл првата авантура за Шерлок Холмс ја напишал во 1887 година, а детективот е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најчесто екранизиран лик. Во повеќе од 200 филма, улогата на Холмс ја играле 70 актери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ