Времето денеска ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност.Кон крајот на денот ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.
Максималната температура ќе се движи од 24 до 30 степени.
Утре од пладневните часови ќе има умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, пред се во западните делови.
Ќе продолжи да дува умерен претежно јужен ветер. Од сабота попладне ќе има зголемување на облачност, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи.
Врнежливото и нестабилно време ќе продолжи и во недела кога врнежите ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат над 30л/м2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.