Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и значително посвежо со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи, особено претпладне, претежно во западните и јужните делови на земјава, информира УХМР.
Ќе дува засилен северен ветер. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 6. Утринските температури ќе се движат од 11 до 17, а дневните од 18 до 25 степени.
Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.