600 грама мешано мелено месо
20 грама чадена сланина
Една црвена пиперка
Еден кромид
Две парчиња стар леб
2 чешниња лук
Едно јајце
Едно пакетче прашок за печиво
2 лажици брашно
Една лажица лебни трошки
Три пакетчиња моцарела
Една китка магдонос
Сол, црн пипер
Мелени чили-пиперчиња
Сечкани листови темјан
Подготовка: Исечканиот кромид се пржи на масло за јадење. Црвената пиперка се сечка на коцки. Се додаваат меленото месо, пиперката и исечканиот лук. Месото се пржи додека не добие убава боја. Смесата се трга на страна за да се олади.
Двете парчиња стар леб се потопуваат во вода. Потоа се цедат и се сечкаат на парчиња. Потоа се додаваат јајцето, прашокот за печиво, брашното и лебните трошки. Во долг калап ставете алуминиумска фолија која ќе ја премачкате со масло за јадење. Во фолијата ставете половина од смесата, па наредете ја моцарелата врз месото. На крај додајте го остатокот од смесата со мелено месо.
Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ја околу 15 минути со затворена фолија. Потоа отворете ја фолијата, намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 45 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.