Популарната актерка Лив Тајлер која веќе го има синот Мајло, ќе стане мајка по втор пат. Актерката е бремена од фудбалскиот агент и пријател на Дејвид Бекам, Дејв Гарднер.
Тајлер веќе го има синот Мајло, девет годишно момче кое го доби додека беше во брак со Ројстон Лангдон.
Лив и Дејв наводно ги споила Кејт Мос, но својата врска со месеци ја држеле во тајност. Сепак еден нивни заеднички пријател ја откри тајната изјавувајќи дека се лудо вљубени.
Портпаролот на убавата Лив се уште ја нема искоментирано среќната вест, но медиумите си ја завршија својата работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.