Новата економска криза во еврозоната треба да се следи будно затоа што може да претставува закана за македонската економија, вели универзитетскиот професор Томе Неновски во емисијата „Бројки“ на Радио Слободна Македонија. Спoред него, во Македoнија во моментов се случуваат спротивни движења од тие во Европската унија.
Кај нас индустријата расте, домашниот бруто-производ во првиот квартал изнесуваше 3,9%. Во вториот очекувам, исто така, позитивен раст од околу 3%, јавниот долг е умерен, што го потврди и кредитната агенција „Фич“, невработеноста се намалува, но тоа не значи дека не сме подлежни на промени. Треба да бидеме свесни дека 90% директно или индиректно Македонија е поврзана со случувањата во Европската унија. Тоа значи дека таму што се случува или ќе се случува не значи дека во одредени фази или правни форми нема да се појави во економијата на Република Македонија. Ако нарачките од Унијата се намалат, не е лесно да се најдат нови пазари. Можно се одредени негативни движења во извозот и увозот. Сепак, тоа е претпоставка. Кризата може, но не мора да нѐ погоди, зависи од случувањата на тамошните пазари – објаснува професорот.
Според него, најзагрижувачки во моментов се цените на енергентите и на житарките.
– Кога говорам за енергентите, мислам на цената на нафтата, а кај житарките, на цената на пченицата и на пченката. Цената на нафтата може негативно да се одрази врз стабилноста на девизните резерви. Би требало будно да се следи состојбата на житарките и нафтата на светските берзи – вели Неновски.
Професорот препорачува Владата да ја следи состојбата и да обезбеди алтернативни пазари и резерви на нафта. Во однос на буџетот, тој вели дека Македонија материјално е добро подготвена и може да се справува со последиците од евентуалната криза која би се прелеала тука.
-Материјално сме подготвени, обезбедени се средства за капитални инвестиции, еврообрзницата донесе 500 милиони евра, 2,5 милијарди евра изнесуваат девизните резерви. Со таква обезбеденост на финансиски средства, капиталните инвестиции ќе се реазлизираат, но со забавено темпо. Поголем дел од проектите, како што се изградбата на трите магистрали , сигурно ќе се завршат, можно е само мало пролонгирање. На пример, ако некој проект имал рок да се заврши до крајот на годината, можно е да се одложи за два, три месеци – вели Неновски во емисијата „Бројки“ на Радио Слободна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум
-
За неа нема веќе шеќер во исхраната: Четири замени за чоколадото, гумените бомбони и слатките
-
Ја чувствуваат кризата – градежниците не се охрабруваат да почнат нови инвестиции