Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, денеска го слави Отсекувањето на главата на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов, Јован.
Во текот празничната вечерна богослужба, три члена од свештеното братство беа приклучени кон ангелскиот монашки ред.
Свечениот чин на монашкото потстрижување на новите отци Козма, Михаил и Методи го изврши митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.
Денеска беше одржана утрената богослужба, а претпладнево се одржува божествената архијерејска литургија, со која чиноначалствува митрополитот Тимотеј.
Како по традиција, ова наше древно светилиште синоќа и денеска е преполно со верници, но и други гости од сите делови на нашата држава. Без оглед на тоа од каде се, за сите нив ова е место исполнето со спокој, мир и со љубов. Радоста е голема и поради неговата обнова по опожарувањето пред пет години, како и фактот што од година во година бројот на верниците и гостите што го посетуваат манастирот е сè поголем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ансамбл „Македонија“ одржа концерт со божикни песни во „Св. Јован Бигорски“ (галерија)
-
„Радосна тага“: Исповед на поранешен зависник, кој спасот го пронајде во Бигорскиот манастир
-
Писателите на поетска средба во манастирот „Св. Јован Бигорски“
-
ДПМ ќе подари книги за обновената библиотека во „Св. Јован Бигорски“