Ансамблот „Македонија“ својата концертна активност за 2017та година ја започна на најубав и најсвечен начин. Уметниците одржаа концерт со божиќни песни во преубавиот манастирски комплекс „Св. Јован Бигорски“.
Френетичните аплаузи од публиката, монасите и високото свештенство, им дадоа огромен поттик на уметниците на ансамблот Македонија, 2017та година да биде поуспешна со повеќе љубов, среќа и здравје.
Од ансамблот изразија голема благодарност до Архимандрит Отец Партениj за поканата на овие млади уметници заедно да го прослават еден од најголемите христијански празници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.