| четврток, 6 декември 2018 |

Франција од воздух ќе се бори со ИД

avion amerikaФранција ќе земе учество во Ирак во воздушните напади врз исламистите од Исламска држава, но во Сирија ќе дејствуваат на поинаков начин.

– Во Ирак ќе учествуваме во воени дејствија од воздух, ако е неопходно. Но, во Сирија ситуацијата е поинаква, изјави францускиот министер за надворешни работио Лоран Фабиус во говор пред студенти на Академијата за политички науки во Париз.

– Дел од медиумите велат дека Франција е подготвена да дејствува во Ирак, но не и во Сирија. Не! Ние треба да дејствуваме и во двата случаја, но не на истиот начин, изјави министерсот.

Фабиус додаде дека сирискиот лидер Башар Асад не може да биде партнер во борбата против Исламска држава во Сирија бидејќи тој е соучесник со џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top