| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл: Тревата на теренот во Андора е како на селско игралиште

Герет Бејл и сите репрезентативци на Велс имаа големи забелешки на теренот во Андора на тамошниот „национален стадион“ по дуелот што „змаевите“ едвај го добија со 2-1.

„Никогаш не сум играл на полош терен. Подлогата со некаква чудна вештачка трева беше како на селско игралиште. Нерамна и тврда и добро е што победивме и патем минавме и без повреди“, изјави двојниот стрелец во победата на Велс од 2-1.

Подлогата на теренот во Андора е од таканаречената трета генерација вештачка трева, на која тешко се игра фудбал. Играчите на Велс велат дека на некои делови површината се собирала како ролна, дека топката тешко се контролира и секој пад на теренот бил опасен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top