| четврток, 6 декември 2018 |

Убиени четворица полицајци пред отворањето на гласачките кутии во Кенија

Четворица полицајци се убиени ноќеска во Кенија, неколку часа пред отворањето на гласачките места каде што треба да се гласа за нов претседател на државата, за претставници во двата дома, покраински совети и за гувернери.

Убиствата биле извршени во Момбаса од страна на банда вооружена со мачети, за кои полицијата се сомнева дека се членови на сепаратистичкото движење Републикански совет на Момбаса, кое бара отцепување на источна Кенија.

Учесниците во изборите во Кенија последните денови повикуваа да се избегнуваат секакви насилства за да се избегнат изборите од 2007 година кога имаше 1.200 мртви.

Според анкетите, најсериозни кандидати за претседател на Кенија се 68-годишниот Раил Одинга и 51-годишниот Ухуру Кениата, кој треба да одговара пред Меѓународниот суд каде што е обвинет за поттикнување насилство по последните избори во оваа африканска земја.

Кенија има 41 милион жители и е важен сојузник на САД во борбата против милитантниот ислам во источна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top