„Македонија 2025“, во соработка со „Шулич скул оф бизнис“ (Schulich School of Business), годинава ќе им овозможи на шест македонски менаџери да посетат курсеви во „Шулич егзекјутив едукеијшн центар“ (Schulich Executive Education Center) и истовремено да остварат работни посети во канадски компании, известува организацијата.
Стипендијатa е во износ од 12.000-15.000 канадски долари и се состои од можност за посета на 5 курса, кои стипендистот би ги избрал од 120 и повеќе курсеви, а чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори. Наменети се за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и петгодишно работно искуство, пожелно од извозноориентирани компании или владини институции.
„Шулич скул оф бизнис“ е дел од Универзитетот „Јорк“ од Торонто, Канада и е рангирана меѓу првите десет светски бизнис школи според „Фајненшл тајмс“, „Форбс“, „Бизнис вик“, „Д вол стрит журнал“ и „Д економист“. Предавачи на школата се и менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е фокусиран и втемелен на принципот „Токму кога треба“ – учење фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи.
Рокот на пријавување за програмата е 15 март 2013 година. Повеќе информации можете да најдете на http://www.macedonia2025.com/activities/single/124 или на
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.