| четврток, 6 декември 2018 |

Абдула Сидран се скара со Кустурица

Познатиот босански писател и сценарист Абдула Сидран изјави дека ги прекинува контактите со режисерот Емир Кустурица поради непомирливи разлики

Abdulah_sidran_Emir_kusturica

– Разликите меѓу нас се непомирливи – рече Сидран за „Анадолија“ објаснувајќи зашто нема да биде снимен „Првпат со татко ми на избори“, кој е последен дел од трилогијата филмови „Се сеќаваш ли Доли Бел“ и „Татко на службен пат“, кои ги режираше Кустурица според негово сценарио.

– Емир Кустурица не сакаше да ја работи третата филмска приказна од тој циклус. Никогаш  ниту еден општествен, па ни државен инструмент не рече да го турнеме ова – рече Сидран и додаде дека и во Црна Гора неговата понуда поминала лошо.

Говорејќи за своите последни средби со Кустурица, тој рече дека извесно време се гледале, но сега немаат никаков контакт поради непомирливите разлики во толкувањето на современата, неодамнешна историја.

– Ми беа драги оние делови што беа лични од книгата што ја напиша со свои сеќевања. Но, сè што е политичко прераскажување на настаните, не ми се допаѓа и моравме да се караме – заклучува Сидран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top