Обвинувањата се паушални и жално е за опозициската партија СДСМ, во немоќ и во немање на политичка идеја да излегува и да ги критикува реформите, односно да го критикува квалитетот за она што ние го направивме со поддршка на Кембриџ, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во вестите на Сител.
-Сметам дека она што Кембриџ го има зад себе како 850 годишна традиција, како реформи што ги спроведува овој меѓународен образовен центар на Кембриџ, вакви реформи спроведе во 160 земји во светот во над 9 илјади училишта, со што е најголем провајдер на наставни програми во светот. Мислам дека во тој дел СДСМ ја има промашено целта. Навистина е дегутантно да се говори за тоа дали е квалитетна или неквалитетна реформа спроведена со директна подршка на Кембриџ, додаде Ристовски.
Тој додаде и дека учениците од Македонија ќе учат рамо до рамо со учениците на Велика Британија, на една од светските водечки сили во секој сегмент па и во образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


