Украина ќе добие воени советници и оружје од САД, Франција, Италија, Полска и Норвешка, согласно договорот кој е постигнат на самитот на НАТО во Велс, објави денеска на својот профил на „Фејсбук“ Јуриј Литсенко, советник на украинскиот претседател Петро Порошенко.
– На самитот на НАТО е постигната согласност за помош од воени советници и снабдување со современо оружје од САД, Франција, Италија, Полска и Норвешка, напиша Литсенко на социјалната мрежа.
Тој не соопшти повеќе детали во врска со договорот, а украинскиот претседател кој присуствуваше на средбата во Велс не изјави дека Киев ќе добие воена помош.
Официјални претставници на НАТО истакнаа дека Алијансата нема да испраќа оружје во Украина, која не е дел од огранизацијата, но нејзините членки можат одделно да се одлучат за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа