| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Морисон: „Гугл“ ќе го претворам во книжевен лик

628x471

Американската писателка, добитник на Нобелова награда за литература, Тони Морисон, при посетата на седиштето на „Гугл“ во Њујорк изјави дека популарниот интернет-пребарувач ќе го претвори во лик од роман.

– Тоа би бил лик-машина како од филмот „Трансформери“ – изјави 82-годишната нобеловка.

Морисон е една од многубројните познати личности кои од 2005 година го посетија седиштето на „Гугл“ во Њујорк и во Калифорнија.

Авоторката на романите „Љубена“ и „Соломоновата песна“ во текот на посетата зборувала со вработените за технологијата, образованието, креативноста, но и за својот нов роман „Дом“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top