Премиерот на Косово кој е во заминување, Хашим Тачи вели дека политичката криза може да се надмине само ако кандидатот на неговата Демократска партија на Косово добие место претседател на собранието. Тој додава дека нема да се откаже од премиерското место бидејќи на тоа го обврзуваат гласовите од граѓаните на Косово.
Во интервју за Епока е Ре тој вели дека и идната Владат треба да има што повеќе партии додавајќи дека Косово во овој момент има потреба за обединување, а не поделби и поттик на политичко его од политички лидери.
Тој најави дека по 12 септември претседателката на Косово ќе предложи кандиат за премиер и потоа ќе следува формирање влада.
Според него, приоритети на Косово се економијата, дијалог со соседите, завршување на процесот на формирање армија, формирање специјален суд…
Зборувајќи за апсењето на осомничени за екстремизам, Тачи смета дека тој феномен не е косовски производ туку дека многу повеќе е под влијание на странски сомнителни организации или фундаменталистичка пропаганда преку социјални мрежи и технологии на комуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации