Светската здравствена организација (СЗО) денеска во Женева соопшти дека во Западна Африка од ебола починале над 2.000 луѓе, а околу 4.000 се заразени во три земји кои се најтешко погодени од смртоносниот вирус.
Во Гвинеја, Либерија и Сиера Леона досега починале 2.097 лица, а регистрирани се 3.944 заболени случаи, соопшти СЗО.
Во билансот на жртвите не се вклучени Нигерија и Сенегал, каде, исто така, има заболени од оваа болест, како ни ДР Конго.
СЗО соопшти и дека формира кризен центар за ебола, со цел да се спречи пренесувањето на болеста во загрозените земји во следните шест месеци.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун по состанокот со лидерите на ОН изјави дека итно се потребни 600 милиони долари за борба против еболата во Западна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.