Град Скопје денеска објави јавен повик за пријавување такси-возачи за посетување обука за изучување англиски јазик на кој може да се пријавуваат такси-возачи вработени во правни лица со лиценца за такси-дејност од Град Скопје.
Обуката за изучување англиски јазик опфаќа посетување предавања што ќе ги вршат професори по англиски јазик и ќе содржи 80 часови, односно 40 блок-часови. Трошоците за обука ќе се обезбедат од градскиот буџет.
Како што информираат надлежните, право на учество на јавниот повик имаат сите такси-возачи вработени во правни лица со лиценца за такси-дејност од Градот Скопје, но да не се постари од 62 години.
Заинтересираните таксисти треба да поднесат пријава до Архивата на Град Скопје во барака број 16 (пријавата може да се подигне од Архивата или да се преземе од интернет-страницата www.skopje.gov.mk ).Кон пријавата треба да се достави копија од лична карта и копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.
Пријавите може да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, а пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Штрајкуваат вработените во железницата и таксистите во Грција
-
Таксистите му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник: Инспекциите од Неготино не ни даваат да качуваме патници
-
Самиот решил да го „среди“ просторот: Таксист искорна заштитен столб од тротоар (Видео)
-
Полицијата се судри со гевгелиските таксисти (фото)


