
Пациент со жолтица заразил доктор од Скопје. Лекарот е меѓу седумте новорегистрирани случаи на хепатит А последните 24 часа, информираат за zdravstvo24.mk од Центарот за јавно здравје Скопје. И пред неколку недели исто така имаше случај лекар да биде инфициран со вирусот на хепатит А додека вршел преглед на веќе заразен пациент. Вчерашните 6 новозаболени имале жолтица повеќе од една недела, но вчера се јавиле на лекар. Најмладиот е на 3 годишна возраст, а најстариот заболен има 53 години. Новите случаи со жолтица се од различни скопски општини од Шуто Оризари, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров. И пред неколку недели исто така имаше случај доктор да биде инфициран со вирусот на хепатит А од пациент додека вршел преглед. Досега во главниот град се регистрирани вкупно 107 заболени од жолтица. 20-тина од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Лекар од Мексико тврди: Човекот со најголем пенис лаже, кожата му е до колена
-
Комората му ја одзеде лиценцата на докторот кој мамеше пациентка дека е бремена


