Во борба од три и пол часа и пет сета, со две спасени меч топки Роџер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето на УС Опен, откако го совлада незгодниот Гаел Монфис со 3-2 (4:6, 3:6, 6:4, 7:5, 6:2) во сетови.
Монфис на убедлив начи ги доби првите два сета, а откако Федерер намали на 2:1, во четвртиот сет (10.гем) Монфис имаше две „врзани“ меч топки и откако не ги искористи, Федерер мечот го сврте во своја корист.
Негов ривал во полуфиналето ќе му биде Марин Чилиќ, кој со 3:0 во сетови (6:2, 6:4 и 7:6) го победи Томаш Бердих. Во меѓусебните дуели Федерер има скор од 5-0 против Чилиќ.
Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори. Вечерва на програмата се женските полуфинални мечеви: Шуаи Пенг – Каролине Возниачки и Серена Вилијамс – Екатерина Макарова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


