
Ракометарите на Металург, генерација 2000/1, ја забележаа првата победа во Валпово (Хрватска). Совладана е екипата на Феникс од Осиек, со резултат 30:20 (16:10).
Нашите момчиња денеска имаа лесна задача и уште по првото полувреме имаа обезбедено недостижна предност од шест гола. Вториот дел само ја потврди нашата доминација. Најдобар во нашите редови беше Мартин Серафимов, со 8 постигнати гола.
Металург – Феникс 30:20 (16:10)
Металург: В.Василевски, Брунчевиќ, Кофилоски, Божиновски 4, Богдановски, Мелоски 6, А.Василевски, Максимовски, Ристовски 4, Серафимов 8, Ангеловски 1, Ников 1, Јовановски 2, Стојановски, Кондев 1, Петревски, Новокмет 1 и Митиќ 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


