| четврток, 6 декември 2018 |

Портрет на Јордан Плевнеш на фестивалот ФИАТ во Подгорица

jordan-plevnes-520x354
На овогодинешното издание на Фестивалот за интернационален алтернативен тетарар ФИАТ во Подгорица, на 6-ти септември ќе биде претставен портрет на македонскиот писател Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности. Во рамките на портретот ќе биде промовирано црногорското издание на неговиот роман “Осмото светско чудо”. За романот ќе зборуваат Бранислав Мичуновиќ, Радмила Војводиќ и Бранко Балетиќ, а извадоци ќе претстави црногорскиот актер Бане Поповиќ.
Во рамките на портретот ќе биде изведена монодрамата по текстови на Плевнеш “Револуција или Неволуција”, во изведба на актерот Рубенс Муратовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top