| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го сруши малзискиот авион – извештајот во вторник

298 Crew And Passengers Perish On Flight MH17 After Suspected Missile Attack In Ukraine
Холандскиот Одбор за безбедност во вторник треба да го објави првичниот извештај за причините за падот на малезискиот авион во источна Украина. Во извештајот ќе бидат содржани информации од сателитиските снимки, радарски податоци и снимки од црната кутија.

Сепак холандските истражни органи немаа можност детално да ја прегледаат локацијата каде што падна авионот, затоа што на теренот и натаму се водат жестоки борби меѓу украинската војска и проруските сепаратисти.

Малезискиот авион се верува дека бил соборен од ракета на 17 јули, а во несреќата загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top