Холандскиот Одбор за безбедност во вторник треба да го објави првичниот извештај за причините за падот на малезискиот авион во источна Украина. Во извештајот ќе бидат содржани информации од сателитиските снимки, радарски податоци и снимки од црната кутија.
Сепак холандските истражни органи немаа можност детално да ја прегледаат локацијата каде што падна авионот, затоа што на теренот и натаму се водат жестоки борби меѓу украинската војска и проруските сепаратисти.
Малезискиот авион се верува дека бил соборен од ракета на 17 јули, а во несреќата загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.