| четврток, 6 декември 2018 |

Забременила со украдена сперма, таткото ја тужи

Девојка украла сперма на поранешното момче и забременила. Лејн Хардин од Луизијана поднел тужба против неговата поранешна девојката Тоби Девал. Тврди дека таа му ја украла спермата без прашање. Заминала на клиника, каде била вештачки оплодена, по што му родила син кој тој никогаш не го видел. Тој ја тужел и банката за сперми, каде што ја чувал. Банката, сметиа Хардин, не го почитувала договорот според кој само неговата сегашна девојка имала право да ја земе од банка.

Инаку, неговата екс девојка, Тоби Девал има двегодишен син. Тој смета дека измамата ќе остави последици на него и неговото семејство.

-Ова нема да престане се додека не наполни 18 години. Оваа ситуација остава сериозни последици и на мене и на моето семејство- вели Хардин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top