| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се влоши ли состојбата во Романија? Унгарија во служба на руските интереси

Supporting demonstration for Szekler autonomy in London

Ун­га­ри­ја во ју­ли на­ед­наш го за­си­ли при­ти­со­кот врз Ро­ма­ни­ја за да се за­бр­за про­це­сот на добивање авто­но­мија на те­ри­то­ри­и­те во по­драч­ја­та од по­се­бен ин­те­рес на Бу­дим­пе­шта. Та­ка,  пре­тсе­да­те­лот на На­ци­о­нал­но­то со­бра­ние на Ун­га­ри­ја, Лас­ло Ко­вер, им се обра­ти на сво­и­те со­на­род­ни­ци што жи­ве­ат во со­сед­ни­те зем­ји ба­рај­ќи од нив да вло­жат по­ве­ќе на­по­ри за по­стиг­ну­ва­ње авто­но­ми­ја. Впе­чат­ли­во е де­ка тој го из­ја­ви тоа до­де­ка пре­сто­ју­ва­ше во ед­на од со­сед­ни­те зем­ји, за вре­ме на го­во­рот на це­ре­мо­ни­ја­та на отво­ра­ње кул­ту­рен цен­тар во гра­дот Ри­ме­теа, во окру­гот Ал­ба, Тран­сил­ва­ни­ја. Спо­ред  Лас­ло Ко­вер, Бу­дим­пе­шта ќе го по­диг­не тоа пра­ша­ње на гло­бал­но и на европ­ско ни­во. Пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то истак­на де­ка тоа за­ви­си од спо­соб­но­ста на ли­де­ри­те на ун­гар­ски­те за­ед­ни­ци се­ри­оз­но да ги зе­мат пред­вид тие стра­те­ги­ски це­ли. Тој, исто та­ка, ре­че де­ка на Ун­гар­ци­те во Тран­сил­ва­ни­ја им тре­ба по­сил­на под­др­шка од ло­кал­ни­те ли­де­ри, ка­ко и од ун­гар­ски­те по­ли­ти­ча­ри. Тој го по­јас­ни сво­јот го­вор со при­ме­ри на те­ри­то­рии што ус­пе­а­ле да по­стиг­нат авто­но­ми­ја во ЕУ, осо­бе­но при­ме­рот на Ка­та­ло­ни­ја.

Три не­де­ли по­доц­на, за­ме­ни­кот на пре­ми­е­рот на Ун­га­ри­ја, Сем­јен  Жолт, ре­че де­ка шпан­ска­та Ка­та­ло­ни­ја тре­ба да би­де од­ли­чен при­мер за Ун­гар­ци­те во Тран­сил­ва­ни­ја, кои ба­ра­ат по­го­ле­ма са­мо­стој­ност: „Очиг­лед­но, се­ко­ја на­ци­ја тре­ба да си раз­ра­бо­ти свој кон­цепт на авто­но­ми­ја што со­вр­ше­но се вкло­пу­ва во ин­те­ре­си­те на Ун­га­ри­ја, а ун­гар­ска­та вла­да ќе ги под­др­жи кон­цеп­ти­те пред­ло­же­ни од се­ко­ја по­е­ди­неч­на на­ци­ја. Да, ние де­фи­ни­тив­но се за­ла­га­ме за кон­цеп­тот на авто­но­ми­ја и ве­ќе мо­же­ме да да­де­ме при­ме­ри во Европ­ска­та уни­ја. Зна­чи, ако по­стои пре­се­дан, и ние мо­же­ме да го на­пра­ви­ме тоа“. По­ли­ти­ча­рот истак­на де­ка се­кој на­род тре­ба да си раз­вие свој кон­цепт на авто­но­ми­ја. Жи­те­ли­те на Вој­во­ди­на, Тран­скар­па­ти­ја (Укра­и­на) тре­ба да го на­пра­ват исто­то. Ка­ко и Ун­гар­ци­те од Ар­ди­јал (т.е. Тран­сил­ва­ни­ја). Тој, исто та­ка, спо­ме­ну­ва де­ка Бу­дим­пе­шта ќе го под­др­жи се­кој та­ков на­пор.

Еден од ун­гар­ски­те ли­де­ри во Тран­сил­ва­ни­ја, Лаз­ло То­кес, кој е и член на Европ­ски­от пар­ла­мент и ја прет­ста­ву­ва вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја во Ун­га­ри­ја, Фи­дес, да­де уште по­сил­на из­ја­ва. Тој јас­но истак­на де­ка е дој­де­но вре­ме Ун­гар­ци­те да за­ста­нат во од­бра­на на сво­е­то пра­во на авто­но­ми­ја. Исто та­ка, То­кес приз­на де­ка во мо­мен­тов тој не гле­да ни­ед­на при­чи­на да се би­де оп­ти­мист за тоа, би­деј­ќи „ко­ло­ни­за­ци­ја­та“ од Бу­ку­решт ре­зул­ти­ра­ла со тоа ун­гар­ска­та за­ед­ни­ца во Ро­ма­ни­ја да се пре­тво­ри во ди­јас­по­ра.

– Да по­јас­ни­ме:  не мо­же­ме да се­ди­ме и да че­ка­ме уште 25 го­ди­ни… Не­ма­ме вре­ме за не­си­гур­ност и за по­ли­тич­ки опор­ту­ни­зам и за пот­це­ну­ва­ње на лу­ѓе­то што на кра­јот би мо­же­ло да ста­не фа­тал­но за нас. Дој­де на­ше­то вре­ме, мо­ра­ме да дејс­тву­ва­ме вед­наш, вре­ме е да се за­ла­га­ме за на­ша авто­но­ми­ја. Не­ма­ме вре­ме за ве­ту­ва­ња, или ле­та­ње во об­ла­ци. Са­мо це­лос­на на­ци­о­нал­на не­за­вис­ност мо­же да до­не­се ре­не­сан­са на ун­гар­ско­то оп­штес­тво – до­да­ва То­кес.

Easter Sunday in Romania

По­де­мот на ун­гар­ско­то мал­цинс­тво во Ро­ма­ни­ја

Ун­гар­ци­те се нај­го­ле­мо­то ет­нич­ко мал­цинс­тво во Ро­ма­ни­ја. Спо­ред офи­ци­јал­на­та ста­ти­сти­ка, 1,2 ми­ли­он Ун­гар­ци жи­ве­ат во Ро­ма­ни­ја или 6,5 про­цен­ти од вкуп­но­то на­се­ле­ние на др­жа­ва­та. Се­пак, Ун­гар­ци­те во Ро­ма­ни­ја не се прет­ста­ве­ни ка­ко ед­на за­ед­ни­ца, ту­ку се гру­пи­ра­ни во не­кол­ку под­гру­пи. Ба­нат, Кри­ша­на и Ма­ра­му­реш се ре­ги­о­ни гу­сто на­се­ле­ни со ун­гар­ско на­се­ле­ние. Се­ке­ли­те, кои се Ун­гар­ци што жи­ве­ат во цен­трал­на Ро­ма­ни­ја, вло­жу­ва­ат нај­го­ле­ми на­по­ри за да до­би­јат по­себ­ни пра­ва. Ту­ка, по­ве­ќе од 609.000 Ун­гар­ци жи­ве­ат во Му­реш, Хар­ги­та и во Ко­вас­на. Ун­гар­ци­те прет­ста­ву­ва­ат по­ве­ќе од 70 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то на Хар­ги­та и на Ко­вас­на.

Бор­ба­та за ун­гар­ска­та авто­но­ми­ја во овие ре­ги­о­ни трае од 1993 го­ди­на. Се­пак, 2010 го­ди­на до­не­се пре­сврт­ни­ца во си­ту­а­ци­ја­та, а во 2013-2014 го­ди­на конф­ли­ктот еска­ли­ра. Ве­ќе ов­де, Ун­гар­ци­те што жи­ве­ат во тие ре­ги­о­ни поч­ну­ва­ат се­ри­ја ма­сов­ни и актив­ни про­те­сти на­со­че­ни кон по­стиг­ну­ва­ње авто­но­ми­ја. По­крај тоа, тие се оби­ду­ва­ат да го по­диг­нат проб­ле­мот на европ­ско ни­во. От­ту­ка, кон кра­јот на мај 2011 го­ди­на гру­па ро­ман­ски­те чле­но­ви на Европ­ски­от пар­ла­мент што ја прет­ста­ву­ва­ат Де­мо­крат­ска­та уни­ја на Ун­гар­ци­те во Ро­ма­ни­ја, на че­ло со за­ме­ник-пре­тсе­да­те­лот на Европ­ски­от пар­ла­мент, Лас­ло То­кес, отво­ри­ја прет­став­ниш­тво на Зем­ја­та на Се­ке­ли­те во Бри­сел. Ка­ко од­го­вор, прет­став­ник од Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ро­ма­ни­ја да­де из­ја­ва изра­зу­вај­ќи де­ка зем­ја­та е збу­не­та по­ра­ди вос­по­ста­ву­ва­ње­то одре­де­но прет­ста­ву­ва­ње на не­по­стој­на ад­ми­ни­стра­тив­на те­ри­то­ри­ја во Ро­ма­ни­ја, без устав­на или за­кон­ска ос­но­ва за тоа.

Де­нес, Де­мо­крат­ска­та уни­ја на Ун­гар­ци­те во Ро­ма­ни­ја ини­ци­ра­ше ин­тен­зив­ни за­ко­но­дав­ни актив­но­сти, чи­ја­што цел е Зем­ја­та на Се­ке­ли­те да се здо­бие со ста­тус авто­но­мен ре­ги­он, што, пак, ба­ра во­ве­ду­ва­ње со­од­вет­ни из­ме­ни на Уста­вот. По­крај тоа, Де­мо­крат­ска­та уни­ја на Ун­гар­ци­те во Ро­ма­ни­ја го но­ми­ни­ра­ше сво­јот во­дач Ке­ле­мен Ху­нор за пре­тсе­да­тел на Ро­ма­ни­ја на пре­стој­ни­те из­бо­ри во но­ем­ври. Впе­чат­ли­во е де­ка Бу­ку­решт се оби­ду­ва да ја спре­чи по­ли­ти­за­ци­ја­та на пра­ша­ње­то за ет­нич­ка авто­но­ми­ја и за про­ши­ру­ва­ње на Ун­га­ри­ја. На при­мер, во ју­ли ро­ман­ски­те вла­сти го од­би­ја отво­ра­ње­то ун­гар­ски кон­зу­лар­ни сек­ции во два транс­ил­ва­ни­ски гра­да.

По­де­мот на ун­гар­ско­то мал­цинс­тво во Ро­ма­ни­ја се слу­чи отка­ко Бу­ку­решт ини­ци­ра­ше одре­де­ни дејс­тва про­тив Мол­да­ви­ја и ру­ски­от ра­фал во ре­ги­о­нот. Да не за­бо­ра­ви­ме де­ка од 2009 го­ди­на, Ро­ма­ни­ја ја по­ка­жу­ва сво­ја­та ре­ше­ност да ги за­шти­ти сво­и­те ге­о­по­ли­тич­ки ин­те­ре­си во Мол­да­ви­ја и ус­пеа да на­пра­ви раз­ли­ка и да ја зас­лаб­не по­зи­ци­ја­та на Ру­си­ја во ре­ги­о­нот. Во исто вре­ме, Кремљ, ко­ри­стеј­ќи го сво­е­то вли­ја­ние во не­кои ре­ги­о­ни во Мол­да­ви­ја – Транс­ни­стри­ја и Га­га­у­зи­ја – се оби­де да ја де­ста­би­ли­зи­ра си­ту­а­ци­ја­та и да до­бие шан­са за од­маз­да. Спо­ред на­ши­те про­це­ни, ру­ски­те спе­ци­јал­ни служ­би во мо­мен­тов со­ра­бо­ту­ва­ат со ун­гар­ски­те ли­де­ри во Ро­ма­ни­ја и ко­ри­стеј­ќи ги ет­нич­ки­те од­но­си во ре­ги­о­нот, се оби­ду­ва­ат да пре­диз­ви­ка­ат проб­ле­ми во Бу­ку­решт од­на­тре.

Ру­ски­те спе­ци­јал­ни служ­би тра­ди­ци­о­нал­но се за­ни­ма­ва­ат со ун­гар­ски­те по­ли­ти­ча­ри. Во мај оваа го­ди­на, ун­гар­ско­то об­ви­ни­телс­тво под­не­се ба­ра­ње до Европ­ски­от пар­ла­мент да го отка­же иму­ни­те­тот на еден од ли­де­ри­те на ек­стрем­но­дес­ни­чар­ска­та ун­гар­ска пар­ти­ја Дви­же­ње за по­до­бра Ун­га­ри­ја, Бе­ла Ко­вач, за ко­го по­сто­јат сом­не­ва­ња де­ка е ру­ски шпи­он.

Најв­ли­ја­тел­ни­те ун­гар­ски­те по­ли­ти­ча­ри се сог­ла­су­ва­ат во вр­ска со клуч­ни­те пра­ша­ња, од­нос­но нив­на­та ед­ног­лас­на по­зи­ци­ја е про­ру­ска. Де­нес Ун­га­ри­ја е еден од „при­ја­те­ли­те“ на Кремљ во Евро­па и ја по­до­бру­ва со­ра­бо­тка­та со Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја во об­ла­ста на нук­ле­ар­на енер­ги­ја и гас пре­ку „Ју­жен тек“, и по­крај акту­ел­на­та си­ту­а­ци­ја во Укра­и­на.

Де­нес ун­гар­ски­те прет­став­ни­ци не ини­ци­ра­ат пра­ша­ња за вос­по­ста­ву­ва­ње авто­но­ми­ја на ет­нич­ки­те Ун­гар­ци во срп­ска­та Вој­во­ди­на, ка­де што Ун­гар­ци­те се вто­ро по го­ле­ми­на ет­нич­ко мал­цинс­тво. И по­крај фа­ктот де­ка ун­гар­ски­те по­ли­ти­ча­ри и ме­ди­у­ми ве­ќе го има­ат истак­на­то тоа. Ние ве­ру­ва­ме де­ка овој ди­скри­ми­ни­рач­ки при­стап кон за­шти­та­та на Ун­гар­ци­те во странс­тво не е са­мо осо­бе­ност на на­ци­о­нал­на­та по­ли­ти­ка на зем­ја­та, ту­ку по­ка­жу­ва и кол­ку функ­ци­о­ни­ра гло­бал­на­та ге­о­по­ли­тич­ка стру­кту­ра. Та­ка, Ср­би­ја во мо­мен­тов е со­јуз­ни­кот на Ру­си­ја во ре­ги­о­нот, до­де­ка Ро­ма­ни­ја из­бра да со­ра­бо­ту­ва со САД.

Офи­ци­ја­лен Бу­ку­решт, пак, се­га актив­но ги про­мо­ви­ра сво­и­те ин­те­ре­си во Мол­да­ви­ја, но тие, очиг­лед­но, се во конф­ликт со ин­те­ре­си­те на Ру­си­ја. Ро­ма­ни­ја за­зе­ма про­у­кра­ин­ска по­зи­ци­ја што се од­не­су­ва на конф­ли­ктот со Ру­си­ја. Ро­ман­ски­те ли­де­ри ин­си­сти­ра­ат на во­ве­ду­ва­ње санк­ции. На при­мер, на 25 ју­ли пре­ми­е­рот на Ро­ма­ни­ја, Ви­ктор Пон­та, ре­че: „Ро­ма­ни­ја мо­же да си доз­во­ли на­мет­ну­ва­ње по­стро­ги санк­ции про­тив Ру­си­ја и од еко­ном­ска и од со­ци­јал­на глед­на точ­ка“. Со тоа, од­го­ва­рај­ќи на пра­ша­ње­то за ста­вот на Ро­ма­ни­ја за се­гаш­на­та ге­о­по­ли­тич­ка со­стој­ба и ста­вот кон Ру­си­ја, Ви­ктор Пон­та ве­ли де­ка си­те во­е­ни, стра­те­ги­ски и еко­ном­ски освр­ну­ва­ња го ста­ва­ат Бу­ку­решт поб­ли­ску до по­ве­ќе раз­лич­ни по­зи­ции на САД за пра­ша­ње­то за Ру­си­ја, откол­ку по­ве­ќе европ­ски гла­со­ви што се мно­гу пов­ни­ма­тел­ни во вр­ска со Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја.

Ру­си­ја се оби­ду­ва да ги ле­ги­ти­ми­ра ли­де­ри­те на Зем­ја­та на Се­ке­ли­те пре­ку соз­да­ва­ње илу­зи­ја од стран­ски по­ли­тич­ки и еко­ном­ски од­но­си со дру­ги про­ру­ски те­ри­то­рии во сфе­ра­та на ро­ман­ски­те ин­те­ре­си. Еден од нај­го­ле­ми­те проб­ле­ми е Га­га­у­зи­ја (авто­ном­на те­ри­то­ри­јал­на еди­ни­ца во Мол­да­ви­ја со про­ру­ска вла­да), ко­ја Кремљ ја сме­та за клу­чен играч во про­мо­ци­ја­та на ру­ски­те ин­те­ре­си во ре­ги­о­нот. Кон­та­кти­те на Ру­си­ја со На­ци­о­нал­ни­от со­вет на Зем­ја­та на Се­ке­ли­те (ор­га­ни­за­ци­ја што сѐ уште не е офи­ци­јал­но ре­ги­стри­ра­на и се со­стои од гра­до­на­чал­ни­ци и ло­кал­ни со­вет­ни­ци од ро­ман­ски­те окру­зи со гу­ста ун­гар­ска­та по­пу­ла­ци­ја, кои се за­ла­га­ат за авто­но­ми­ја­та на Зем­ја­та на Се­ке­ли­те) и со ше­фот на Га­га­у­зи­ја, Ми­ха­ил Фор­му­зал, се очиг­лед­ни уште од 2012 го­ди­на, а се за­си­ле­ни во 2014 го­ди­на. Пр­ва­та фа­за од та­ква­та со­ра­бо­тка би тре­ба­ло да ре­зул­ти­ра со вос­по­ста­ву­ва­ње со­ра­бо­тка ме­ѓу Га­га­у­зи­ја и окру­зи­те Хар­ги­та и Ко­вас­на, што по­доц­на би ја зго­ле­ми­ла ле­ги­тим­но­ста на Зем­ја­та на Се­ке­ли­те и на Га­га­у­зи­ја на ме­ѓу­на­род­но ни­во и би ѝ овоз­мо­жи­ла на Ру­си­ја, пре­ку сво­и­те аген­ти, да ба­ра пр­во по­ши­ро­ка авто­но­ми­ја, а по­тоа, не­за­вис­ност на спо­ме­на­ти­те европ­ски те­ри­то­рии. Ова, пак, тре­ба да му овоз­мо­жи на Кремљ да ја зац­вр­сти сво­ја­та по­зи­ци­ја во ре­ги­о­нот и да го ос­лаб­не не­го­ви­от гла­вен ре­ги­о­на­лен ри­вал, т.е. Ро­ма­ни­ја.

Се оче­ку­ва бран про­те­сти од ун­гар­ско­то мал­цинс­тво и зго­ле­ме­ни актив­но­сти на ун­гар­ска­та по­ли­ти­ка за ова пра­ша­ње низ це­ла Ро­ма­ни­ја. Тоа ќе му овоз­мо­жи на Кремљ да го свр­ти вни­ма­ни­е­то на офи­ци­ја­лен Бу­ку­решт од Мол­да­ви­ја и Укра­и­на кон сво­ја­та те­ри­то­ри­ја и Ун­га­ри­ја. Што е уште по­важ­но, та­кви­те актив­но­сти со­вр­ше­но се вкло­пу­ва­ат во оп­шта­та ру­ска стра­те­ги­ја за раз­де­лу­ва­ње на Евро­па пре­ку соз­да­ва­ње но­ви авто­ном­ни об­ла­сти (а, по­тоа, но­ви др­жа­ви), на­со­че­ни кон ури­ва­ње на Европ­ска­та уни­ја. По­крај тоа, се оче­ку­ва Ун­га­ри­ја да из­вр­ши при­ти­сок врз офи­ци­ја­лен Ки­ев за да го при­ну­ди да им да­де авто­но­ми­ја на Ун­гар­ци­те во Тран­скар­па­ти­ја, осо­бе­но во бе­ре­гов­ска­та об­ласт, што, исто та­ка, ќе при­до­не­се за ус­пеш­но­ста на Ру­си­ја во по­ли­ти­ка­та за по­дел­ба на Укра­и­на.

(Center for Eurasian Strategic Intelligence –(пре­вод Ана Цве­та­но­ска))

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top