| четврток, 6 декември 2018 |

Животните можат да ги разликуваат идентичните близнаци

остојат многу митови за близнаците, но дали знаете кои се точни, а кои се лажни?

article-2316697-198B11A0000005DC-894_634x413Еднојајчаните близнаци се работа на генетиката 

Неточно: Двојајчаните близнаци знаат да се „повторат“ во новите генерации во некое семејство, но еднојајчаните близнаци немаат врска со генетиката, според научниците.

Еднојајчаните близнаци имаат идентична ДНА

Донекаде точно: Еднојајчаните близнаци имаат 99.999999 заедничка ДНА, поради што се разликуваат во некои ситници, како на пример бемка. Како што известува The Bump, истражувачите дури пронашле идентичен близнак. кој носел ген на болест што неговиот брат го немал.

Близнаците прескокнуваат една генерација 

Неточно: Ниедно истражување досега не докажало дека раѓањето близнаци зависи од одредена генерација. Ако вашите родители имале близнаци, тоа не значи дека вие нема да имате.

Животните можат да ги разликуваат идентичните близнаци

Точно: Истражувањата покажаа дека тренираните полициски кучиња можат да ги распознаат идентичните близнаци дури и кога луѓето не можат да направат никаква разлика.

Близанците од различен пол секогаш се двојајчани 

Точно: Со оглед на тоа што еднојајчаните близнаци делат исто јајце секогаш се од ист пол.

Идентичните близнаци имаат исти отпечатоци од прсти 

Неточно: Секое лице на светот има уникатни отпечатоци од прстите, па така и идентичните близанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top