| четврток, 6 декември 2018 |

Законски параграфи против верски фанатици

Iraqis volunteer to fight militants

По­ја­ва­та на ор­га­ни­за­ции што го пот­тик­наа вер­ски­от фа­на­ти­зам е пос­ле­ди­ца од Арап­ска про­лет. По­ви­кот за џи­хад, за све­та вој­на и вос­по­ста­ву­ва­ње ис­лам­ска др­жа­ва ги над­ми­на си­те гра­ни­ци, па на те­ри­то­ри­ја­та што е под кон­тро­ла на му­џа­хе­ди­ни­те до­а­ѓа­ат мус­ли­ма­ни од си­те кра­и­шта на пла­не­та­та. А Бал­ка­нот во­оп­што не е иск­лу­чок. На­про­тив. На ви­де­ос­ним­ки­те што стиг­ну­ва­ат од та­му се гле­да­ат др­жав­ја­ни од Ко­со­во, БиХ, Ср­би­ја. Се сме­та де­ка са­мо од Ма­ке­до­ни­ја во Си­ри­ја во­ју­ва­ат око­лу осум­де­сет бор­ци.

– Аги­та­ци­ја­та, глав­но, оди пре­ку вер­ски­те за­ед­ни­ци. Има­ат раз­ви­ен цен­тар во Ви­е­на, Ав­стри­ја, по­тоа во Ко­со­во, во Ма­ке­до­ни­ја, во Пре­ше­во, Ср­би­ја, во БиХ. Тоа е ед­ни­от си­стем, но са­мо ка­ко по­е­ди­неч­ни слу­чаи, а не це­ла ин­сти­ту­ци­ја, це­ла вер­ска за­ед­ни­ца. Вто­ри­от раз­ви­ен си­стем се со­ци­јал­ни­те мре­жи, кои се до­бар на­чин за аги­та­ци­ја. Тре­ти­от се аген­ти на те­ро­ри­стич­ки­те ор­га­ни­за­ции низ све­тот – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ Пав­ле Тра­ја­нов, по­ра­не­шен ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти, кој уште пред две го­ди­ни ба­ра­ше за­кон­ско санк­ци­о­ни­ра­ње на учес­тво во па­ра­во­е­ни фор­ма­ции низ све­тот.

– Има цел пра­шал­ник, спо­ред кој, на при­мер, во Те­тов­ско, се ис­пи­ту­ва ли­це­то, се­мејс­тво­то, се зе­ма­ат те­ле­фон­ски бро­е­ви, сѐ, па по­тоа сле­ду­ва про­вер­ка. По таа про­вер­ка, до­кол­ку кан­ди­да­тот од­го­ва­ра на по­треб­ни­от про­фил, му ја­ву­ва­ат де­ка мо­же да за­ми­не во конф­ликт­ни­те ре­ги­о­ни, од­нос­но до кам­по­ви­те. Му ка­жу­ва­ат ка­де да оди, до кој ае­ро­дром, до ка­де да па­ту­ва, со ор­га­ни­зи­ран би­лет, број на лет. И мре­жа­та се ши­ри та­ка, од еден на друг. Тоа е мно­гу конс­пи­ра­тив­на и мно­гу до­бро ор­га­ни­зи­ра­на мре­жа. Но, по­ви­кот, глав­но, се пра­ви пре­ку џа­ми­и­те и дру­ги обу­че­ни ли­ца во бли­ско­и­сточ­ни­те цен­три. Вер­ски­от фа­на­ти­зам е ос­но­ва за вр­бу­ва­ње, но и па­ри­те, аван­ту­ра­та, џи­ха­дот, све­та­та вој­на про­тив хри­сти­ја­ни­те, има мно­гу мо­мен­ти за прив­ле­ку­ва­ње со­ци­јал­но ни­ска стру­кту­ра, ко­ја лес­но се ма­ни­пу­ли­ра. Но, има и уче­ни, обра­зо­ва­ни лу­ѓе, со фа­кул­тет. Да не се мис­ли де­ка во­ју­ва­ат са­мо не­о­бра­зо­ва­ни лу­ѓе. Це­ла­та ор­га­ни­зи­ра­ност не мо­же да се ба­зи­ра са­мо на прост фа­на­ти­зам – до­да­ва Тра­ја­нов.

Си­ри­ски­от конф­ликт по­ка­жа це­ла ле­пе­за до ка­де мо­же да оди кр­во­лоч­но­ста на лу­ѓе­то на кои гла­вен пот­тик им е вер­ски­от фа­на­ти­зам. Иа­ко се сме­та де­ка е пос­ле­ди­ца на Арап­ска про­лет, ду­ри и аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Ба­рак Оба­ма бе­ше по­со­чен од сво­ја­та дес­на ра­ка, Хи­ла­ри Клин­тон, де­ка доз­во­лил си­ри­ска­та опо­зи­ци­ја да се раз­вие во ор­га­ни­за­ци­ја на фа­на­ти­ци, ко­ја се­га прет­ста­ву­ва гло­ба­лен проб­лем.

Мол­кот на САД и на НА­ТО, ка­ко и при­ти­со­кот што се соз­да­де кон си­ри­ски­от ре­жим на Ба­шар ал Асад, при­до­не­се да им се прог­ле­да низ пр­сти на тие бор­ци што од за­пад­ни­те др­жа­ви му се прик­лу­чу­ваа на от­по­рот, кој, всуш­ност, ста­на глав­на ала­тка на оз­лог­ла­се­на­та Ал Ка­е­да.

Ка­ко што Арап­ска про­лет наб­ли­жу­ва­ше кон Бли­ски­от Исток, та­ка се за­си­лу­ваа и ор­га­ни­за­ции, кои под­др­жу­ваа вер­ски пра­ви­ла во др­жа­ва­та. Всуш­ност, и трен­дот на прик­лу­чу­ва­ње на стран­ски­те во­и­ни кон ва­кви­те гру­па­ции се ра­ши­ри за вре­ме на си­ри­ски­от конф­ликт, пр­во по­ра­ди дол­го­трај­но­ста на конф­ли­ктот, а вто­ро по­ра­ди мол­кот од за­па­дот.

Ду­ри и ко­га дел од бал­кан­ски­те др­жа­ви, ме­ѓу кои и Ма­ке­до­ни­ја, беа со за­мис­ла да санк­ци­о­ни­ра­ат учес­тво во па­ра­во­е­ни ор­га­ни­за­ции низ све­тот, пред се­бе го имаа мол­кот од цен­три­те на моќ. Се сме­та­ше де­ка, всуш­ност, си­ри­ска­та опо­зи­ци­ја се бо­ри про­тив Асад, про­тив кој тре­ба­ше да за­ста­не и НА­ТО, па не бе­ше со­од­вет­но да се санк­ци­о­ни­ра. Но, отка­ко Ис­лам­ска­та др­жа­ва Ирак и Ле­вант ја по­ка­жа сво­ја­та моќ, а и сво­ја­та на­со­че­ност про­тив За­па­дот, то­гаш пре­ку ам­ба­са­да­та на САД би­ло по­ба­ра­но да се ре­гу­ли­ра ова пра­ша­ње, ве­ли из­во­рот на „Ре­пуб­ли­ка“.

– Си­ри­ја го отво­ри проб­ле­мот би­деј­ќи та­му не­кол­ку ил­јад­ни­ци стран­ски вој­ни­ци – вер­ски фа­на­ти­ци, беа обу­чу­ва­ни ток­му од стран­ци, пен­зи­о­ни­ра­ни во­е­ни ве­те­ра­ни и дру­ги ви­со­ки по­ра­неш­ни прет­став­ни­ци на ар­ми­и­те на САД, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и на дру­ги моќ­ни член­ки на НА­ТО. Се­га, пра­ктич­но, ва­шин­гтон и Лон­дон ги шти­тат сво­и­те ин­те­ре­си во Евро­па и на Бал­ка­нот –  ве­ли по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти.

Вла­да­та до­ста­ви пред­лог-за­кон за санк­ции за учес­тво во стран­ски вој­ски, па­ра­во­е­ни фор­ма­ции, па­ра­по­ли­ци­ски фор­ма­ции и по­ли­ци­ја, а Тра­ја­нов до­да­ва де­ка да не бе­ше та­ка, би пред­ло­жил аманд­ман со кој на тие за кои ќе се до­ка­же де­ка учес­тву­ва­ле или трг­на­ле да учес­тву­ва­ат во тие бор­би, при­вре­ме­но би им се од­зе­мал па­со­шот.

– Тоа не нав­ле­гу­ва во на­ру­шу­ва­ње на сло­бо­да­та на дви­же­ње, го има во Кри­вич­ни­от за­ко­ник и за дру­ги де­ла, а не, пак, за ова. Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и Гер­ма­ни­ја има­ат мно­гу по­ри­го­роз­ни мер­ки, и тоа ако се под­го­тву­ва да за­ми­не во учес­тво и ако го фа­тат да му го од­зе­мат па­со­шот. До­кол­ку за­ми­не во странс­тво, да не го пу­шта­ат да вле­зе, па и да е нив­ни др­жав­ја­нин, осо­бе­но ако има двој­но др­жав­јанс­тво. Се­пак, ние ќе го прис­по­со­би­ме спо­ред на­ши­те окол­но­сти – до­да­ва Тра­ја­нов.

А ток­му за до­ка­жу­ва­ње­то ва­кво де­ло де­ба­ти­ра те­о­ло­гот д-р Ра­ма­дан Ра­ма­да­ни, ана­ли­ти­чар, но и ед­но вре­ме чо­век од ве­ра­та – ха­тиб во Иса­бе­го­ва­та џа­ми­ја.

– За­ко­нот е за си­те, и за Ал­бан­ци­те и за мус­ли­ма­ни­те и за тие што се бо­рат во Укра­и­на. Но мис­лам де­ка по­стој­ни­те за­ко­ни ре­гу­ли­ра­ат до­вол­но на ова по­ле и де­ка не­ма по­тре­ба од до­не­су­ва­ње не­кој нов за­кон. Мож­но­ста за зло­у­по­тре­ба на за­кон­ски­те ре­ше­ни­ја при ва­кви ин­сти­ту­ции е по­го­ле­ма од до­бро­то што би мо­же­ло да го до­не­се еден та­ков за­кон. Сме­там де­ка ин­сти­ту­ци­и­те не ни се сил­ни и не­за­вис­ни за да мо­жат да до­не­сат пре­су­ди врз ос­но­ва на за­ко­нот. Тоа ќе би­де те­шко да се до­ка­же и ќе пре­диз­ви­ка сом­неж и во за­ко­нот и во не­го­во­то спро­ве­ду­ва­ње. Тоа не би би­ло ка­ко, на при­мер, во слу­чај на убис­тво. Не­кој би мо­же­ло да оди на мо­ре во Ан­та­ли­ја, Тур­ци­ја, а друг да го при­ја­ви ту­ка де­ка бил во Си­ри­ја, па ај­де пос­ле да се до­ка­жу­ва­ме. По при­ро­да, та­кви­от за­кон е те­жок за спро­ве­ду­ва­ње. Ко­га ќе го зе­ме­ме пред­вид ка­па­ци­те­тот на ин­сти­ту­ци­и­те, мож­но­ста за зло­у­по­тре­ба е по­го­ле­ма од при­до­би­вки­те што мо­же да го до­не­се ва­кви­от за­кон.

Ра­ма­да­ни на пра­ша­ње­то за за­ин­те­ре­си­ра­но­ста за прик­лу­чу­ва­ње кон си­ри­ски­те гру­пи кај мла­ди­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја, по­со­чу­ва на мо­мен­тот на упо­тре­ба­та на хе­ми­ско­то оруж­је од си­ри­ски­те вла­сти.

– Тоа бе­ше мо­мен­тот ко­га се ја­ви ужас­ну­ва­ње од се­то тоа на­се­ка­де во све­тот. Тоа се­га ни­ту ка­ко ве­ро­јат­ност ни­ту ка­ко оп­ци­ја не се спо­ме­ну­ва – до­да­ва Ра­ма­да­ни, спо­ред кој аги­та­ци­ја­та е гло­бал­на, пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи, а ка­ко до­каз по­со­чу­ва по­ве­ќе од две ил­ја­ди Бри­тан­ци, Гер­ман­ци и Дан­ци што се бо­рат во Си­ри­ја

Ана­ли­ти­ча­рот Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски по­со­чу­ва на пре­вен­тив­на­та уло­га на овој за­кон.

– Не е са­мо санк­ци­о­ни­ра­ње­то во пре­ден план со овој за­кон. Ко­га не­кој ќе знае де­ка мо­же да би­де за­тво­рен, санк­ци­о­ни­ран за учес­тво­то во та­кви конф­ли­кти, два­па­ти ќе раз­мис­ли пред да се ре­ши да за­ми­не.  Не де­ка со во­ве­ду­ва­ње­то на за­ко­нот би се ста­ви­ла точ­ка на та­кви­те слу­чу­ва­ња, но се­пак ќе се на­ма­ли бро­јот. Ако, пак, тоа се со­бе­ре со бро­јот на тие што ќе би­дат каз­не­ти, то­гаш бро­јот на тие што би тре­ба­ло по­тоа да по­ми­нат низ ед­на по­втор­на со­ци­ја­ли­за­ци­ја, би бил мно­гу по­мал – до­да­ва Бо­жи­нов­ски.

Нес­пор­но е де­ка Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и дру­ги­те др­жа­ви­те, мо­ра да се со­о­чи во на­ле­тот на гло­бал­ни­те за­ка­ни, осо­бе­но што и неј­зи­ни др­жав­ја­ни се по­ја­ву­ва­ат ка­ко учес­ни­ци во тие свет­ски конф­ли­кти. Оби­ди­те да се вос­по­ста­ви Ис­лам­ска­та др­жа­ва на те­ри­то­ри­и­те за­зе­ме­ни од Ирак и од Си­ри­ја не се единс­тве­ни. Со та­кви оби­ди се со­о­чу­ва­ше Фран­ци­ја, ко­ја дој­де на­по­мош во Ма­ли, во Афри­ка, до­де­ка ис­ла­ми­стич­ка­та те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја „Бо­ко ха­рам“ во Ни­ге­ри­ја, исто та­ка, об­ја­ви фор­ми­ра­ње Ис­лам­ска др­жа­ва. Та­ка, вер­ски­от фа­на­ти­зам за­се­га е мно­гу по­го­ле­ма гло­бал­на опас­ност од проб­ле­мот со учес­тво на пла­те­ни­ци, ка­ко што е при­ме­рот во Укра­и­на. За­тоа и уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор д-р Не­над Та­не­ски во вр­ска со до­ка­жу­ва­ња­та де­ка не­кој бил во вој­на, за кои Тра­ја­нов ве­ли де­ка има ме­то­ди, а Ра­ма­да­ни де­ка мо­же да пре­диз­ви­ка сом­неж во ин­сти­ту­ци­и­те, за „Ре­пуб­ли­ка“ ре­че де­ка за­пад­ни­те де­мо­кра­тии се свес­ни за при­сус­тво­то на оваа со­вре­ме­на аси­ме­трич­на за­ка­на и де­ка обез­бе­ду­ва­ње­то по­си­гур­ни оп­штес­тва по­драз­би­ра от­стра­ну­ва­ње на ис­ла­ми­стич­ки­те ми­ли­тан­ти.

– Ко­га ќе се на­пра­ви пре­сек на це­ла­та си­ту­а­ци­ја и ко­га ќе тре­ба да се пре­зе­ме пр­ви­от пре­су­ден че­кор за со­о­чу­ва­ње со за­ка­на­та, ќе се раз­вие ви­стин­ска де­ба­та ме­ѓу за­стап­ни­ци­те на сло­бо­да­та и на чо­ве­ко­ви­те пра­ва, кои ука­жу­ва­ат на прем­но­гу моќ­на др­жа­ва, и тие што ве­лат де­ка др­жа­ва­та мо­ра да се за­шти­ти – до­да­ва Та­не­ски.

Пишува: Наум Стоилковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top