Русинката Екатерина Макарова ја елиминираше финалистката од последните две изданија на УС Опен – Викторија Азаренка. Таа денеска ја саовлада Азаренка со 6:4, 6:2 во четвртфиналето.
Со ова Макарова за прв пат ќе игра полуфинале на Грен слем тениски турнир. Покрај тоа, таа направи еден чекор повеќе на натпреварувањето во Њујорк, откако лани беше поразена токму во четвртфиналето.
Во борбата за пласман во големото финале таа ќе се сретне со победничката од дуелот Серена Вилијамс (САД) – Флавија Пенета (Италија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.