| четврток, 6 декември 2018 |

Романија одобри НАТО авиони на аеродромите

nato avioniРоманскиот претседател Трајан Басеску изјави дека Врховниот совет за национална одбрана на земјата одобрил присуство на воени авиони на НАТО на аеродромите во Романија.

– Имавме денеска состанок на Врховниот совет за национална одбрана. Го разгледавме присуството на воени авиони на НАТО на територијата на Романија на ротациски принцип. Станува збор за авиони кои се дел од интегрираниот систем за одбрана на Алијансата и кои заедно со романската авијација ќе ја обезбедуваат воздушната полиција. Освен авионите-ловци, на романска територија ќе бидат ангажирани и 200 воени лица – пилоти, механичари, логистика, истакна Басеску.

На седницата на Советот билоразговарано и за можноста Романија да учествува како држава-координатор во проектот на НАТО за поддршка на Украина во областа на кибер-одбраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top