| четврток, 6 декември 2018 |

Вработен во „Комуналец“ незаконски продавал гробни места

СВР Битола поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ј.Р. од Битола вработен во ЈП „Комуналец“-Битола како одговорен на Буковски гробишта , за сторени три кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавениот во текот на 2011, 2013 и 2014 година на четири лица од Битола им продал шест гробни места при што парите не ги внел во благајната на ЈП „Комуналец“-Битола, а  согласно договорот за вработување немал овластување да врши продажба, ниту да прима уплата за гробни места, со што го оштетил претпријатието во износ од 106.800 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top