| четврток, 6 декември 2018 |

Торстен Фраи во дводневна работна посета на Македонија

Во дводневна работна посета на Република Македонија претстојува Торстен Фраи претставник на политичката партија ЦДУ од СР Германија.

Домаќин на претставникот од сестринската партија ЦДУ е Генралниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев. На средбата беше дискутирано за актуелните политички случувања во Република Македонија и регионот, билатералната соработка помеѓу двете држави и партии и за други теми од заеднички интерес. Генералниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев го информираше гостинот за работата на ВМРО-ДПМНЕ и за реформските процеси на државата.

sredba Frai- Dimitriev 1

Пратеникот Граи пренесе порака дека ЦДУ и СР Герамнија ја поддржуваат работата на ВМРО-ДПМНЕ и прогресивните политики на Владата на Република Македонија. Предвидено е пратеникот да се сретне и со други претставници на општествениот и политичкиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top