| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен „докторот на смртта“ – Турчинот кој им вадеше органи на заробените Срби

Во Амстердам беше уапсен турскиoт лекар осомничен дека им отстранувал органи на заробените Срби за време на конфликтот во Косово.

Како што пренесува српски „Курир“, обвинителството за воени злосторства во Холандија го лоцирал 53-годишниот турски лекар Јусуф Сонмез, кого српските медиуми го нарекоа „докторот на смртта”. Тој е обвинет дека  им ги отстранувал органите на киднапираните Срби во Косово и Метохија, а со години по него постоеше и потерница на Интерпол.

Сонмез бил лоциран благодарение на сведок-соработник, а српското обвинителство со него контактирало преку електронска пошта, претставувајќи се како клиент заинтересиран за купување на бубрег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top