| четврток, 6 декември 2018 |

Просинечки: Шкендија? Ма дајте луѓе, немој да ме е….!?

По бројните шпекулации на некои медиуми дека поранешниот тренер на Црвена Звезда, Роберт Просинечки ќе биде наследникот на Рој Ференчина на клупата на Шкендија, хрватскиот стратег остро демантираше.

– Шкендија? Ма, дајте луѓе, не се зафркавајте. Јас сум моментално на море, не знам за што се работи – изјавил Просинечки за српски „Моцартспорт“.

Гласините беа дека челниците на тетовските „црвено-црни“ водат преговори со Просинечки и му нудат договор со плата од 150 илјади евра годишно, но демантираше дека остварил било каква средба со Лазим Дестани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top