По бројните шпекулации на некои медиуми дека поранешниот тренер на Црвена Звезда, Роберт Просинечки ќе биде наследникот на Рој Ференчина на клупата на Шкендија, хрватскиот стратег остро демантираше.
– Шкендија? Ма, дајте луѓе, не се зафркавајте. Јас сум моментално на море, не знам за што се работи – изјавил Просинечки за српски „Моцартспорт“.
Гласините беа дека челниците на тетовските „црвено-црни“ водат преговори со Просинечки и му нудат договор со плата од 150 илјади евра годишно, но демантираше дека остварил било каква средба со Лазим Дестани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


