
„Филип Миркуловски, Павел Атман и Ацо Јоновски за успешен старт на новата учебна година ќе потпишуваат училишни прибори во Скопје Сити Мол!. Во среда на вториот кат во Сити мол, каде во детското катче „City Kids Club“ ќе има креативни работилници на тема „Победнички Металург“ за деца до 12 години. Посетителите и фановите ќе имаат екслузивна можност, веќе купените училишни материјали со логото на Металург да бидат потпишани од ѕвездите на Металург; Филип Миркуловски, Павел Атман или Ацо Јоновски.
Р.К Металург за оваа учебна година подготви специјална колекција на училишни матријали како: ранци, училишни прибори, тетрарики, моливи, пенкала, боички и други геометриски помагала. Истите се веќе во продажва во книжарата Икона во Скопје Сити Мол како и во други книжари низ целата република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


