| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени убијците кај Смилковското Езеро!?

Косовската полиција ги уапсила извршителите на убиството кај Смилковското Езеро, објави Сител. Според нив денес околу 19:00 часот косовска полиција ги уапсила Африм Исмаиловиќ и Демири Алил.

Исмаиловиќ и Демири и се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Братот на Исмаиловиќ, кој исто така е обвинет како еден од ликвидаторите на петмината кај Смилковското езеро, е веќе во притвор. Во Основиот суд 1 во Скопје од 20-ти декември лани почна процесот против обвинетите во случајот “Монструм“. На Исмаиловиќ и Демири досега им се судеше во отсуство.
На 13 април кај Смиљковското Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стефковски.

osomniceni smiljkovci

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top