Веднаш по потпишувањето на договорот, англиските медиуми почнаа да пишуваат за тоа колку ќе заработува Колумбиецот Фалкао во Манчестер Јунајтед.
Радамел Фалкао за само една недела ќе заработува по 280.000 фунти, што е еквивалент на повеќе од 350.000 евра.
Како што пишува „Дејли мејл“, тој за еден ден ќе заработува 42.857 фунти, за еден час 1.785 фунти и за само една минута ќе инкасира по 29 фунти.
Неодамна тој беше забележан со сопругата Лорели Терон, како уживаат во Мајами заедно со ќеркичката Доминик Гарсија.
Колку за споредба, најдобрите фудбалери на светот, Меси и Роналдо, заработуваат по 292.000, односно 288.000 фунти неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


