| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Пачино: И јас имав свои моменти на депресија

Profoto-Victoria-Will-Al-Pacino-2

Ал Пачино е една од најголемите ѕвезди присутни на годинешниот Филмски фестивал во Венеција. Славниот актер и оскаровец кој на Мосри ќе се претстави со две остварувања „The Hubling“ и „Manglenhorn“, во разговор со новинарите го допре и прашањето за депресијата.

– Во филмот „ТThe Hubling“ мојот лик станува се постар и упаѓа во некој вид депресија која се одразува врз неговата работа, објасни Пачино.

– Многу е тажно да се видат депресивни луѓе, затоа што таа состојба може подолго да трае. Тоа е застрашувачки, наведе 74-годишниот актер, додавајќи дека и на него му се познати таквите падови.

– Познато ми е тоа. Во одделни периоди од животот имав кризи, но тие не беа така интензивни. За среќа, бев поштеден од тоа, заклучи Пачино, незаборавниот Мајкл Корлеоне во „Кум“, Тони Монтеро во „Скарфејс“, Френк Серпико во „Серпико“ како и многу други филмски јунаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top