Ал Пачино вели дека не сакал да игра ликот на Мајкл Корлеоне во легендарниот „Кум“ и сметал дека режисерот Френсис Форд Копола е „малку луд“ што инсистирал на тоа тој да игра покрај Марлон Брандо.
Пачино ја доби улогата и покрај тоа што за неа конкурираа Џек Николсон, Роберт Редфорд и Ворен Бити, како и тогаш помалку познатиот Роберт де Ниро. Но, актерот открива дека неговиот ангажман бил во спротивност од она што го сакале луѓето во „Ворнер Брос“, кои инсистирале неговиот лик да го глуми ѕвезда.
– Јас не сакам да глумам во „Кум“, никој не ме сакаше, освен Копола, кој инсистираше – рече Пачино.
Копола го забележал Пачино во тетарска претстава „Дали тигарот носи вратоврска“, каде што глумел тинејџер-наркоман, за која улога тој добил награда „Тони“.
– Морам да кажам дека имав среќа. Мислев дека Копола ќе ја загуби работата заради мене. Не го сакаа ниту Марлон Брандо – изјави Пачино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура