| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Пачино почнал да ја губи меморијата?

Пачино претставата ја игра со „блутут“ слушалка, преку која суфлер му го кажува текстот на претставата, а на сцената се скриени дури три екрани на кои со големи букви е испишано што актерот следно би требало да каже, пишува „Форбс“.

„Њујорк пост“ наведува дека екипата на претставата, но и луѓе блиски на големиот актер, стравуваат за неговото ментално здравје, бидејќи талка низ театарот „целосно изгубен“ и тешко комуницира со останатите.

Претставата премиерно ќе биде изведена на 19 ноември во њујоршкиот театар „Џералд Шонфелд“, а само од шест ексклузивни изведби заработила повеќе од милион долари, бидејќи просечна карта чинела 166 долари.

Пачино веќе пет децении е на сцената и освиоил многу награди за маестралните улоги во кариерата. Тој е еден од ретките актери кои освоиле „тројна круна“ Оскар, Еми и наградата Тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top