| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: ЕУ никогаш повеќе нема да се врати на рускиот пазар!

Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, го коментираше барањето на  Европската унија упатено до земјите на Латинска Америка да не ги заземаат нивните позиции на рускиот пазар.

-Навистина беше чудно да се набљудуваат ваквите барања на Европската унија. Тоа е смешно! Тешко е да се замисли дека бизнисот нема да ја искористи шансата и да влезе на нашиот пазар, вели Путин.

Тој напомена дека сите оние кои ќе го напуштат рускиот пазар, веројатно го напуштаат засекогаш. Новите структури и системи ќе ги заземат нивните позиции и евроспкиот бизнис тоа нема да може да си го врати подоцна, вели Путин.

Европските компании се разочарани од политиката на своите земји, подвлекува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top