| четврток, 6 декември 2018 |

УС Опен заврши за Ферер, Шарапова и Јанковиќ

Отвореното првенство на САД синоќа заврши за Давид Ферер, Марија Шарапова и Јелена Јанковиќ.

Во рамките на третото коло во машка конкуренција четвртиот носител Давид Ферер загуби со 3:1 во сетови од Жил Симон. Лош почеток имаше и вториот носител Рожер Федерер, па откако го загуби првиот сет ги доби следните три за пласман во осминафиналето. Пласман во следната рунда по синоќешните победи обезбедија уште: Григор Димитров, Томаш Бердих, Гаел Монфилс и Марин Чилиќ.

Кај дамите во најинтересниот осминафинален меч Каролине Возниацки (финалистка 2009 година) ја победи со 2:1 во сетови Марија Шарапова (победничка 2006). Сара Ерани со истиот резултат ја совлада Мирјана Лучиќ – Барони, додека Белинда Бенчиќ (САД) беше подобра од Јелена Јанковиќ со 2:0. Пласман во четвртфиналето избори и Шуаи Пенг со триумфот над Луси Сафарова.

Другите осминафинални мечеви се играат вечерва, кога и почнуваат машките осминафинални дуели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top