| четврток, 6 декември 2018 |

Путин повика на итен прекин на непријателствата во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е неопходно многу брзо да запрат воените дејствија во Украина за да се обезбеди подготовка на целото население за претстојната зима. Рускиот челник ја даде изјавата во интервјуто емитувано во неделата на првата програма на државната телевизија во кое се осврна и на односите со украинскиот претседател Петро Порошенко и на кризата во односите со Европската унија и САД.

 –Според мене, освен Русија за тоа веќе никој не размислува. Првиот и основен услов е прекинот на непријателствата и итно започнување на обновување на инфраструктурата. Треба да започне подготвувањето на неопходните резервите, да се спроведат потребните поправки, да се регулира функционирањето и да се изврши подготовка за есенско-зимскиот период“, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Покрај тоа, Путин ги повика украинските власти да започнат преговори за политичката организација на тамошното општество во југоисточните региони, каде што инаку е мнозинско рускојазичното население. „Неопходно е да бидеме посветени на спроведување на планот за којшто се договоривме“, рече рускиот челник.

„Веднаш треба да се започне со суштински преговори, а не за технички прашања, туку за прашањата за политичкото организирање на заедницата и државата во југоисточниот дел од Украина за безусловно да се обезбедат законските интереси на населението кое таму живее“, истакна Путин.

Според него, украинската криза станала лекција за сите, вклучително и за западот, во иднина сличните прашања што се појавуваат да бидат решавани на мирен начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top