| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска подобра од Аргентина во првото дерби на СП

Во првиот дерби натпревар од вториот натпреварувачки ден на Светското кошаркарско првенство во Шпанија, селекцијата на Хрватска ја победи Аргентина.

Во дуелот од 2.коло во Б групата, Хрватите речиси во текот на целиот натпревар ја имаа контролата над играта и на крајот заслужено стигнаа до втората победа на Мундобаскетот, совладувајќи ја Аргентина со 90:85.

Второто денешно дерби е во рамките на групата Б со почеток од 15 часот, а во него актуелниот европски првак, Франција ќе треба да се вади за вчерашниот пораз од Бразил и тоа во дуелот со Србија која вчера убедливо го совлада со 21 поен разлика.
Резултати и двојки за вториот ден:

2.коло – група А:
15:30 Србија – Франција
18:00 Бразил – Иран.
22:00 Шпанија – Египет

2.коло – група Б
Аргентина – Хрватска 90:85
17:30 Сенегал – Порто Рико
20:00 Филипини – Грција

2.коло – група Ц
Доминиканската Република – Нов Зеланд 76:63
16:00 Финска – Украина
21:30 Турција – С.А.Д.

2.коло – група Д
Кореја – Австралија 89:55
16:30 Словенија – Мексико
20:00 Литванија – Ангола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top