| четврток, 6 декември 2018 |

Во Перу запленети рекордни 7,6 тони кокаин

Во Перу неделава се запленети рекордни 7,6 тони кокаин, чија вредност изнесува повеќе од 300 милиони долари, изјави перуанскиот министер за внатрешни работи Даниел Урести.

– Ова е најголемото количество што било кога е запленето во Перу, рече министерот Урести, пренесуваат француските медиуми.
Кокаинот бил скриен во пратка со јаглен што од перуанскиот град Трухиљо требало да замине за Шпанија и Белгија.

Перуанските власти соопштија дека запленетиот кокаин му припаѓа на еден мексикански нарко-картел кој е активен на територијата на Перу, но не прецизираа за кој точно нарко- картел станува збор.

Мексиканските картели, исто така, често пати пренесуваат дрога во Мексико, а од таму на вносниот американски пазар. Според податоците на ОН, Перу и Колумбија во моментов се најголемите производители на коакин во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top