Во Перу неделава се запленети рекордни 7,6 тони кокаин, чија вредност изнесува повеќе од 300 милиони долари, изјави перуанскиот министер за внатрешни работи Даниел Урести.
– Ова е најголемото количество што било кога е запленето во Перу, рече министерот Урести, пренесуваат француските медиуми.
Кокаинот бил скриен во пратка со јаглен што од перуанскиот град Трухиљо требало да замине за Шпанија и Белгија.
Перуанските власти соопштија дека запленетиот кокаин му припаѓа на еден мексикански нарко-картел кој е активен на територијата на Перу, но не прецизираа за кој точно нарко- картел станува збор.
Мексиканските картели, исто така, често пати пренесуваат дрога во Мексико, а од таму на вносниот американски пазар. Според податоците на ОН, Перу и Колумбија во моментов се најголемите производители на коакин во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


