| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага побара расветлување на судбината на исчезнатите

По повод Меѓународниот ден на исчезнатите косовската претседателка Атифете Јахјага оцени дека прашањето на исчезнатите лица насекаде во светот, вклучувајќи ги и Балканот и Косово, е општествена рана која може да се залечи само со откривање на судбината на исчезнатите.

Во соопштение таа наведе дека после 15 години од судирот во Косово 1.700 лица се уште се водат као исчезнати и додаде дека косовските институции „со меѓународните фактори во целост се ангажирани во расветлувањето на судбината на секој исчезнат“.

Косовските институции бараа и целосно ангажирање на Србија во решавањето на судбината на исчезнатите и нивното враќање во Косово, наведе Јахјага во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top