Едно лице од албанска националност е убиено со огнено оружје, а две се ранети во селото Коловрт, меѓу Зупче и Кошутова, на Косово, а претседателот на општината Зубин Поток ја повика полицијата детално да го испита случајот.
Портпаролот на косовската полиција за регионот Јужна Митровица, Авни Захити, како што синоќа пренесе радио Контакт плус, наведе дека сите три лица се од албанска националност и дека мотивот на нападот се уште не е познат.
Косовските медиуми пренесуваат дека станува збор за браќа со презиме Ибрахими, на возраст од 16, 17 и 19 години, и дека еден од нив изјавил дека биле нападнати од Срби во црни униформи.
Претседателот на општина Зубин Поток, Стеван Вуловиќ за РТС изјави дека тоа се измислици и дека „најверојатно станува збор за пресметка на Албанците заради кавга околу сеча на шума.
Вуловиќ ја повика косовската полиција детално да ги испита браќата Ибрахими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


